Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Северина лута на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Никогаш нема да и простам...

Северина лута на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Никогаш нема да и простам што ми ги објави голите фотки на телевизија

реклама:Велигден со Стаф

Во едно неодамнешно гостување во утринската програма на телевизијата каде што порано работеше Јована Јоксимовиќ, хрватската пејачка Северина зборувала за нејзиниот нов проект „Хејт Словени“.

Но во текот на интервјуто спонтано или намерно почнала да зборува и да ја критикува Јована на која што според изјавата и била многу лута.

Имено пејачката изјавила дека била многу повредена затоа што во таа иста утринска кога работела Јована, емитувале голи фотографии од Северина кои што биле објавени од нејзиниот украден телефон.

Таа додала дека од тогаш не контактирала со семејството Јоксимовиќ со кои биле големи пријатели и приватно, дружејќи ги децата но и во една прилика Северина му го правела и реперторот за концерт на Жељко Јоксимовиќ.

Откако по ова ја контактирале Јована за коментар таа едноставно се заблагодарила за јавувањето и ја спиштила слушалката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------