Home INFO Шакира извојува две победи, Пике незадоволен од исходот

Шакира извојува две победи, Пике незадоволен од исходот

реклама:

Шпанските медиуми пренесуваат дека по разделбата со Пике, Шакира го добила старателството над свата сина Саша и Милан.

Истовремено, Шакира го добила и случајот со затајување на данок. За потсетување, Шакира го доби случајот и со затајување на данок, а шпанската влада одлучи да и ги врати парите, како и да и додели голема сума на пари за нарушена репутација.

Според медиумите во Шпанија, пејачката наводно планира со своите синови да се преселат во Мајами, на што Пике остро се противел и не сакал децата да живеат далеку од него.

Адвокатот на Пике објави соопштение како еден вид предупредување до медиумите и папараците.

„Постојано се пишува за мојот клиент се и сешто и приморан е да ја промени секојдневната рутина со цел да ги заштити децата, семејството и оние кои му се блиски“, е наведено во соопштението.

Во продолжение исто така е објавено дека Пике ќе продолжи да се бори околу старателството за неговите синови. Тој сака да останат во Шпанија, каде живеат и учат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------