Home INFO Во живо: Погребната церемонија на британската кралица Елизабета

Во живо: Погребната церемонија на британската кралица Елизабета

реклама:Велигден со Стаф

Во Вестминстерската опатија, од 11:35 часот се одржува државен погреб на кралицата Елизабета Втора.

Се проценува дека погребот на кралицата ќе го следат околу два милиони луѓе на улиците на Лондон и околу четири милијарди луѓе на телевизија.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да бидат присутни на погребната поворка.

Денес е неработен ден во Англија. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени.

Простувањето ќе може да се гледа во околу сто кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора. ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечерта во најтесниот семеен круг.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------