Home INFO Што означува бојата на патната исправа?

Што означува бојата на патната исправа?

реклама:Велигден со Стаф

Патните исправи ширум светот се во четири бои, а тие го определуваат значењето кое е заедничко за земјите со таква боја на пасоши.

Црвена

Црвената е најчеста боја за пасоши, а е карактеристична за земји со комунистичко минато или земји во кои сеуште функционира ваквото државно уредување. Црвен е пасошот на скоро сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Хрватска.

Црвени пасоши имаат и Србија, Македонија, Црна Гора, Кина, Русија, Латвија, Романија, Полска, Грузија.

Во земјите кои имаат европски аспирации како Македонија, Турција и Албанија, пасошите исто така се црвени.

Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андската заедница на нации и тие имаат пасоши со темно црвена боја.

Сина

Сината боја го претставува Новиот свет на кој припаѓаат 15 земји од Карибите. Сина боја на пасош користат и земјите членки на трговската унија Меркозур. Од членовите на оваа унија, само Венецуелците сè уште имаат црвени пасоши. Американските државјани користат сини пасоши од 1976 година.

Зелена

Зелени патни исправи имаат државјаните на речиси сите земји каде исламот е доминантна религија. Економската заедница на западноафрикански земји, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, исто така имаат зелен пасош.

Црна

Само неколку земји во светот имаат пасоши со црна боја. Тоа се африканските земји Боцвана, Замбија, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго и Малави, а покрај нив, црна боја за пасошите користи и Нов Зеланд бидејќи таму црната се смета за национална боја на земјата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------