Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Синди Карафорт повторно во бикини, фановите во транс (фото)

Синди Карафорт повторно во бикини, фановите во транс (фото)

реклама:

Топ моделот од деведесетите Синди Крафорд веќе еден од најдобрите и најбараните модели во модната индустрија.

Манекенката не толку често се појавува во јавност а и одамна нејзините фанови немаа видено нова фотографија со бикини на манекенката.

Но откако Синди реши да ги изненади фановите со една фотка во бикини на својот Инстаграм профил фановите полудеа оставајки и куп коментари и лајкови.

На фотографијата се огласи и нејзината ќерка моделот Каја Гербер која накратко напиша: „Жешка“. Актерката Лиза Рина и многу, многу други, меѓу 60.000 на кои им се допадна, беа воодушевени.

Па, што прави Синди за да изгледа вака? Познатата манекенка се труди да се храни здраво, 80 проценти од времето. Избегнува строги диети и рафинирани житарки, но затоа предлага секој ден да јадете салата и да пиете по една шолја зелен чај, како и да го намалите внесот на шеќер на минимум. Сепак, таа повремено јаде по една топка сладолед, додека – интересно – секој ден јаде чоколадо. Очигледно, ова се поздрави верзии на овој деликатес.

Синди внимава што и колку јаде, а избегнува да грицка меѓу оброци или пред телевизор, но затоа појадува веднаш штом ќе стане. Во неколку интервјуа истакнала дека не е љубител на месо и лесно може да биде вегетаријанец.

Модната ѕвезда тренира од 20-годишна возраст. Утрото обично го започнува со 10 минути медитација во џакузи. Потоа следуваат 20 минути кардио тренинг во домашната теретана, потоа 10 минути скокање на трамболина и 10 минути трчање по угорница. Често вози велосипед или планинари, а оди на прошетка барем еднаш неделно, пишува Рејчел Атард на својот блог.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------