АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Ако последниве месеци сте отвориле TikTok или Instagram, речиси е невозможно да не налетате на мача – интензивно зелениот пијалок што инфлуенсерите го прогласуваат за тајната на енергијата, убавата кожа и слабеењето.

Но, дали мача навистина го заслужува целиот хајп или е само уште еден тренд што ќе исчезне?

Мача е фин прав од јапонски зелен чај, направен од специјално одгледувани листови кои се мелат и се пијат целосно, а не само како запарен чај.

Токму поради тоа, мача содржи значително повеќе антиоксиданси од обичниот зелен чај и често се поврзува со подобрување на метаболизмот и заштита на организмот од оксидативен стрес.

Една од главните причини зошто многумина ја заменуваат кафето со мача е ефектот на постепена енергија. Иако содржи кофеин, мача не предизвикува нагла нервоза.

Благодарение на аминокиселината L-теанин, концентрацијата се зголемува, а чувството на замор доаѓа многу подоцна.

На социјалните мрежи, мача често се рекламира како пијалок што „топи килограми“ и го „чисти телото“.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ваквите тврдења се претерани. Мача може да биде корисен додаток во здрава исхрана, но не е магично решение за слабеење ниту замена за балансиран начин на живот.

Дополнителен проблем е што популарноста доведе до преплавување на пазарот со евтини и неквалитетни верзии.

Вистинската, квалитетна мача има интензивна зелена боја и благ вкус, додека поевтините варијанти често се горчливи и со бледа нијанса.

Па, дали мача е вредна за вниманието? Одговорот е некаде на средина. Таа не е само тренд, но не е ни чудо-пијалок што ќе ви го смени животот.

Ако ви годи и ви се допаѓа – пијте ја.

Ако не – интернетот уште утре ќе пронајде нова „супер“ напивка.

РЕКЛАМИ: