
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Плус-сајз инфлуенсерка седна во скутот на Дедо Мраз – сцена што ги шокираше минувачите во Париз
Посетата на Париз за американската плус-сајз инфлуенсерка Алекс Аспасија (31) се претвори во вистински интернет-хит откако таа реши да седне во скутот на Дедо Мраз на една од празничните локации во градот.
Ситуацијата брзо излезе од контрола, а реакциите на минувачите беа – мешавина од шок, смеа и неверување.
Алекс, која тежи околу 171 килограм и е висока 183 сантиметри, е позната по тоа што отворено го промовира позитивниот однос кон телото и самодовербата.
Но, овој пат вниманието не беше насочено само кон пораката, туку и кон самата сцена – Дедо Мраз едвај успеал да ја издржи тежината, што предизвикало лавина реакции.
„Луѓето буквално зјапаа во мене. Некои тајно снимаа, други се смееја“, изјави Алекс за странски медиуми, додавајќи дека се чувствувала како целосна атракција. Таа откри и дека една постара дама ѝ пришла со комплимент, но и со коментар дека „таков изглед не се вклопува во парискиот стил“.
Видеата и фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што коментарите беа поделени. Додека едни ја пофалија за храброста и самодовербата, други се шегуваа на сметка на Дедо Мраз, тврдејќи дека „ќе му треба нов колк и колена“.
„Очигледно Французите не се навикнати да видат плус-сајз жена со толку самодоверба“, прокоментира Алекс со доза иронија.
Инфлуенсерката, која живее во Мајами, смета дека ваквите реакции се резултат на европските стандарди за убавина. Според неа, таму сè уште доминира идеалот за екстремна слабост, па појавата на висока, самоуверена плус-сајз жена предизвикува силни реакции.
Алекс е и гласен критичар на трендот со инјекции за слабеење, нагласувајќи дека својата трансформација ја постигнала без такви средства. „Се чувствувам слободна во своето тело и горда што сум природна“, порачува таа.






