Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Скандал во „Ѕвездите на Гранд“, добил клоци затоа што несакал да потпише...

Скандал во „Ѕвездите на Гранд“, добил клоци затоа што несакал да потпише договор

реклама:Велигден со Стаф

Се чини дена оваа нова сезона од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ ќе остане запаметена по многу скандали.

Откако пред неколку недели беше дискфалификувана натпреварувачката Вања Кнежевиќ заради навреда на членовите во жирито, уште еден учесник доби клоци од шоуто.

Заради тоа што не сакал да потпише девет годишен договор кој го добиваат сите учесници кои се пласираат во седмиот круг од натпреварот, Иван Рајиќ бил дисквалификуван и тргнат од понатамошното натпреварување.

Продукцијата сеуште не излегла со официјална изјава но затоа Иван побрза тоа да го сподели со своите фанови на Инстаграм.

„Драги мои пријатели сакам да ве известам дека ова беше мојот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Би благодарам на сите за поддршката која ми ја дадовте. Сакам да се заблагодарам и на Гранд продукција на дадената прилика која ја искористив на најдобар можен начин. За жал, во овој момент не сум подготвен да направам голем чекор како што е потпишување договор на 9 години, па сакам да ве известам дека добив известување дека сум дисквалификуван и мојот пат завршува тука. Почувствував дека со потпишувањето на договорот се губи она што го претставува Иван Рајиќ. Во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби повторно ќе се видиме на најголемата сцена на Балканот, никогаш не се знае што носи животот. Можеби некои ќе мислат дека ова е грешка, не можам ништо против себе. Им посакувам среќа на сите колеги кои поминаа понатаму и со внимание ќе ве гледам до финале“, напиша учесникот во музичкото шоу.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------