Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Скандалот продолжува, Калиопи и возврати на српската водителка: За што таа жена...

Скандалот продолжува, Калиопи и возврати на српската водителка: За што таа жена зборува?…

реклама:Велигден со Стаф

Откако водителката Весна Дедиќ која години наназад е автор и водител на емисијата „Балканска улица“ ја обвини нашата пејачка Калиопи дека и доцнела во емисија и по расправија не ни дошла на снимање во медиумите се огласи и Калиопи со свој коментар за случката:

„Никој мене не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што ѝ е и што сакала да каже со тоа. Јас ја рабоам оваа работа цели 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту така ме навредил како што таа ме навреди. Точно е дека тогаш задоцнив на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа што се случила поради невреме, бидејќи патував од Загреб за Белград, нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова го слушам првпат сега, шокирана сум од она што го зборува. Како и да е, јас ја почитувам Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, како интелектуалка, новинарка и писателка, дури ги прочитав и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што таа жена зборува. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканувам на некого со отказ, тоа е скандалозно што го зборува. Никогаш во животот не сум имала проблем од ваков вид“, изјавила Калиопи за српскиот „Курир“.

Скандал меѓу српска водителка и Калиопи: Ми се закануваше дека ќе се јавела да ме отпуштат…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------