Од карантинот во Белград каде што се наоѓа со својот сопруг Игор, се јави Северина во медиумите.
Ако минатата недела нејзиниот свекор Кеба се пофали со тоа колку е вредна Севе, оваа недела таа на својот Инстаграм профил објави фотографии со својот сопруг честитајки 5 годишнина од нивната заедничка љубов.
Таа напиша:
„Пет години љубов, среќа, почит, верба, пет години прекрасен живот. Те сакам“, – напиша пејачката.