Home INFO Совети за спас од летните горештини

Совети за спас од летните горештини

реклама:Велигден со Стаф

Жештината многу тешко се поднесува, најзагрозена група се најмладите и постарите личности, посебно оние со нарушено здравје…

Кај високите температури најважно е да внесувате доволно течности и да ги намалите дневните активности.

Кога е премногу жешко, треба да ги избегнувате обврските кои се составени од тежок физички напор.

Треба да имате на ум дека ништо не е поважно од вашето здравје.

Постарите личности често не чувствуваат жед, па можно е да дојде до дехидрација на организмот. Поради тоа не треба да се чека сигналот дека сте жедни, туку постојано со себе носете шишенце со вода или незасладен чај, кој треба да го пиете преку ден.

Недостатокот на течност во телото кога има високи температури предизвикува топлотен удар, а последиците се тешки промени во мозокот. Знаците на топлотен удар се силна главоболка, општа слабост, мачнина, немир, вртоглавица и губење на свест. Кожата на телото е топла, црвена и сува, болниот малку се поти, пулсот е забрзан и срцето силно чука.

Исто така, многу е важно да подготвувате лесни оброци, да избегнувате масна храна која тешко се вари. Тоа правила важи за сите и независно од здравствената состојба. На прво место е овошјето и зеленчукот, незасладените сокови од овошје и зеленчук, вода. Избегнувајте газирани пијалоци и алкохол. Течноста треба да биде благо разладена за да не дојде до проблеми со желудникот.

Доколку е можно, неодложните обврски извршувајте ги наутро и навечер. Носете лесна и широка облека од природни материјали како памук и лен.

Главата треба да ви биде заштитена со шешир, а очите со очила со UV заштита.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------