Home INFO Стресот е заразен, подалеку од нервозни луѓе

Стресот е заразен, подалеку од нервозни луѓе

SHARE

Стресот може да биде заразен и тоа не само кога сме покрај личност која се наоѓа под стрес, туку и кога гледаме видео снимки, покажуваат студиите на Инситутот за конгитивна наука „Макс Планк“ и Техничкиот Универзитет во Дрезден.

Студијата покажала дека доколку се наоѓаме покрај личност која е под стрес и сами може да се најдеме под стрес.

„Фактот дека можеме да го измериме овој емпатиски стрес во форма на отпуштање на хормони е запрепастувачки“, вели Вероника Енгерт, еден од авторите на студијата.

Очекувано, 95% од лицата кои биле изложени на стрес покажале знаци на стрес, а 26% од набљудувачите добиле зголемено ниво на кортизол како резултат на емпатискиот стрес.

Влијанието на стресот било по приметливо кога се работело за набљудување на сакана личност.

РЕКЛАМИ:
Loading...