Home INFO Трик стар три векови: Како да натерате некого да го смени мислењето?

Трик стар три векови: Како да натерате некого да го смени мислењето?

реклама:Велигден со Стаф

Блез Паскал, филозофот од 17-от век е познат по теоријата наречена „Паскалов облог“, која преку едноставна низа на тврдења покажува дека постои Бог. Освен филозофските мисли, Паскал запишувал и други совети, па така оставил совет стар 350 години кои го користат психолозите денес, а е поврзан со тоа како да промените нечие мислење?

Ова Паскал го напишал векови пред психологијата да стане наука, и пред да се развие гранка која се занимава со „теоријата на убедувањето“.

-Ако сакам да докажам некому дека греши, најпрво морам да започнам да гледам од неговата гледна точка. Од таму може да се види што точно тврди, но и да се докаже каде греши. Така, тој ќе биде задоволен затоа што нема да мисли дека згрешил, туку дека само не ги согледал сите страни на проблемот. Никој нема да биде навреден ако не може да ги согледа сите димензии, но никој не сака да не биде во право, напишал тој.

Тој додал дека многу е лесно да се убедат луѓето со причините до кои сами дошле, отколку да им се наметне сопственото мислење.

Всушност, Паскал сака да каже дека е полесно да се промени нечие мислење за некоја тема такашто ќе признаете дека личноста е делумно во право и потоа ќе му дозволите самиот да сфати каде погрешил и тоа да го промени.

Артур Маркман, професор по психологија на Универзитетот Остин во Тексас вели дека оваа идеја стара 350 години се наоѓа во средината на „теоријата на убедување“.

-Во човечката природа е ако некому кажете дека не е во право, тој уште посилно да се држи до својот став. Од друга страна, ако прво го пофалите за начинот на размислување, а подоцна ги спомените работите кои ги пропуштил, тоа ќе доведе до „омекнување“ или промена на ставот од спротивната страна, вели Маркмен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------