Бегузар Корел, турската актерка која се прослави со улогата на Шехерезад во серијата 1001 ноќ, пред четири месеци на свет го донесе своето второ дете.
Актерката со своето семејство ужива на море, а на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои го покажува своето тело по породувањето.
„Бергузар Корел беше фотографирана во бикини. Славната актерка привлече внимание со прекумерната тежина. Покачените килограми на Бергузар не останаа незабележани. Таа не успеа да се справи со трудничката тежина. Изненадувачки големо внимание привлече фотографијата од Бергузар поради нејзиниот целулит и зголемената тежина по породувањето.“, напиша во коментар актерката, предвидувајки ги однапред вестите во турските медиумите за овој нејзин потег.
Дел од фановите ја осудуваа актерката, велејќи дека како јавна личност мора да внимава на својот изглед, но многу побројни се коментарите од кои ја поддржуваат, сметајки дека сосема природно е телото да се менува после породувањето.