Home INFO Твитер распродава канцелариски предмети, приходите паѓаат, огласувачи бегаат: Дали оваа социјална мрежа...

Твитер распродава канцелариски предмети, приходите паѓаат, огласувачи бегаат: Дали оваа социјална мрежа пропаѓа?

реклама:4U PHARMA

Продолжува лошиот имиџ и проблемите во социјалната мрежа Твитер кој со неверојатна берзина се движи накај дното.

Имено Твитер oбjави интернет-аукција со стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД.

Статуа на познатото лого на платформата е понудена на продажба по цена од 11.000 долари, украсна жардињера во облик на знакот @ за 4.300 долари, а масички за кафе „Херман Милер“ се продаваат за 2.000 долари. Компанијата, исто така, има намера да продаде дел од опрема за печатење, па дури и наткасни со мали фиоки кои чинат 60 долари.

Продажбата следи откако новиот сопственик Илон Маск одлучи да ги намали непотребните работи во Твитер, но според упатените, и за да си ги врати влоговите. Тој лани ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Твитер, наводно, не платил наем на канцелариите ширум светот, вклучувајќи го и нивното седиште во Сан Франциско, каде што компанијата се соочува со тужби за неплаќање.

Претставникот на компанијата што управува со аукцијата, „Херитиџ глобал партнерс“ – Ник Дав, за списанието „Форчн“ изјави дека ова наддавање нема никаква врска со враќањето на трошоците.

– Ако некој искрено мисли дека приходите од продажбата на неколку компјутери и столици ќе платат за куп долгови, тој е „морон“!, рече тој.

Откако ја презеде функцијата кон крајот на октомври, Маск отпушти околу половина од 7.500 вработени во компанијата и намали многу од придобивките, како што се бесплатните оброци. Во ноември, Маск објави дека Твитер бележи „голем пад на приходите“ по заминувањето на неколку огласувачи и предупреди дека компанијата може да банкротира.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------