Пред неколку години, познатиот актер Кирил Поп Христов – Кили ја напушти Македонја и со своето семејство се пресели во Еквадор.
Кили и неговата сопруга, Гордана Деан Поп Христова за прв пат ќе станат баба и дедо со внуче од нивната ќерка Јоана Деан Поп Христова.
Јоана и нејзиниот сопруг, Роздригез Сориа, бармен од Монтанита, Еквадор, ќе станат родители, а веста за нивната принова ја сподели Гордана на социјалните мрежи, која објави и фотографии од венчавката на младите.

Гордана подолг период живее со ќерката Јоана во Еквадор.
Заедно со Кили тие се преселија во гратчето Олон во 2014 година, но по три години Кили се врати во Скопје. Актерот ногу ретко се пјавува во медиумите,а последната информација, е дека престојува во Австрија.
На својот Фејсбук профил и Кили се огласи по повод радосниот настан.
„Ете, го доживеав и ова… Совршено сум пресреќен затоа што им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш! И знаеш да сакаш! Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“ – порача актерот.
