Home INFO За пет дена, минус четири килограми: Ова е тајната на слабеење на...

За пет дена, минус четири килограми: Ова е тајната на слабеење на Џенифер Лопез

реклама:Велигден со Стаф

Поголемиот дел од жените ширум светот со децении им завидуваат на Французинките кои секојдневно јадат калорични кроасани и полномасни сирења, пијат врвни вина, а сепак имаат совршена фигура.

На никому не му е јасно како успеваат да ја зачуваат витката линија и покрај сите калориски бомби и отпорот кој го имаат кон вежбањето.

Тајната е во Дукановата диета која ја практикуваат многу од холивудските ѕвезди како на пример, Џенифер Лопез.

Диетата ја осмисли неврохирургот др. Пјер Дукан, и тоа сосема случајно, кога пријател му се пожалил дека мора да ослабе, но не може да се откаже од месото.

ЗА 5 ДЕНА, 4,5 кг ПОМАЛКУ

– Му реков 5 дена да не јаде ништо освен белковини и да не пие ништо освен вода. Тоа резултираше со губење на 4,5 килограми.

Во наредните 5 дена тој изгуби уште три килограми придржувајќи се до овој режим на исхрана, објаснува др. Дукан кој после тоа престанал да се занимава со неврохирургија и следните 35 години се посветил на развивањето на неговата диета.

Денеска со неа се хранат повеќе од милион и половина Французинки, а неодамна им се придружија и ѕвезди како Жизел и Џенифер Лопез.

Овој режим на исхрана дава долготрајни и видливи резултати, а е составен од четири различни фази кои следат една по друга.

Заеднички им е протеинскиот ден кој служи како важно стратегиско оружје во секоја фаза од диетата, па се подразбира воздржување од путер и масло, затоа што со маснотија нема здраво слабеење.

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД МАСНИТЕ НАСЛАГИ

Со оваа диета се започнува со нагло губење на килограмите за само неколку дена, кога не смее да се јаде ништо освен белковини.

Првата фаза, наречена „фаза на напад“, трае од 5 до десет дена, во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите.

Во текот на овој краток период протеините поттикнуваат исфрлување на вишокот течности, а кетоните кои организмот ги произведува поради зголеменото внесување на белковини го разбиваат апетитот. При тоа, ја задржувате мускулната маса и здравиот изглед на кожата.

Јадете:

пилешко и мисиркино месо, риба (најдобро морска), телешко, јунешко и јагнешко, јајца, немасно сирење, јогурт, бадеми. Дозволено е и свинско месо, но во помали количини.

Траење:
од 5 до 10 дена.

ЗБОГАТЕТЕ ГО МЕНИТО СО ЗЕЛЕНЧУК

После „фазата на напад“ следи период во кој менито, кое се состоеше досега само од месо, риба и немасни млечни намирници, го збогатувате со неограничена количина на зеленчук. Во тој период ќе ги губите килограмите неделно, ќе бидете здрави, среќни и сити.

Јадете:

сите видови на месо, риба и млечни производи, како и во првата фаза, и жив, варен и грилован зеленчук. Не претерувајте со компирот.

Трае: колку сакате (неделно се губи 1кг.)

ВРЕМЕ Е ЗА ТЕСТЕНИНИ И ОВОШЈЕ

Кога ќе ја постигнете саканата тежина, почнува „фазата на зајакнување“ во која ќе почнете да ги јадете сите оние намирници кои ги избегнувавте за време на првите две фази, како овошје, леб, сирење, тестенини…

Во оваа фаза во текот на неделата можете да си дозволите два наградни оброци со путер, леб, торта, колачи, чоколадо, алкохол….

Нема да губите килограми, но нема ни да ги добивате. Ако на овој режим на исхрана се придржувате 5 дена, дополнително ќе го зациментирате предходното губење на килограми.

Јадете:

збогатено мени со овошје, леб, тврди сирења, тестенини… Два пати неделно смеете да се почастите со парче торта, колач, чоколадо, алкохол, калорично фрапе…

Трае:

5 дена (не слабеете, но не се ни дебелеете).

ВОВЕДЕТЕ ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Кога ќе ја стабилизирате тежината, влегувате во четвртата фаза која треба да трае до крајот на вашиот живот. Во неа ви е дозволено се, но со една напомена – еден ден во неделата засекогаш треба да биде протеински ден, ден во кој ќе јадете само белковини и ќе го изгубите сето она што сте го собрале во текот на неделата.

Јадете: се што ќе посакате, со тоа што еднаш во неделата смеете да конзумирате само протеини, како во првата фаза.

Трае:
до крајот на животот (губите половина до 1 килограм неделно).

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------