Home INFO Уринирате во море? Еве што за тоа велат научниците

Уринирате во море? Еве што за тоа велат научниците

SHARE

Дали некогаш сте почувствувале вина затоа што сте уринирале во море?

Епа се чини дека нема потреба за тоа.

Барем според она што го објави Американското здружение за хемија.

Тие твдат дека самото уринирање во море или окен не е штетно, туку е корисно, пишува Daily Mail.

Тие објавиле видео со кое објаснуваат дека апсолутно е во ред да се уринира во море, а причини за тоа има неколку.

Човечката урина, како што велат, се состои од 95% вода, а натриум-хлоридот кој е исто така дел, не ја загадува водата ниту претставува закана за билките и животните кои живеат во морето.

Дури и ако сите жители на Земјата уринираат во море во ист момент, нема да има никаква штета, велат научниците.

„Урината сама по себе е безопасна, а уште кога ќе се разблажи со морска вода, станува безначајна за само неколку секунди. Постојат многу повеќе штетни работи во морињата и океаните од нашата урина“, изјавил биохемичарот Стујард Џоунс.

Добро е да се знае овој податок, затоа што едно неодамнешно истражување покажа дека 62% од капачите уринираат во море. Но, тоа не го прават само луѓето, туку и животните кои живеат во него.

На пример, еден кит во водата дневно испушта 970 литри урина. Само еден кит…

РЕКЛАМИ:
Loading...