Home INFO По шокантното видео на Ана Николиќ, нејзините соседи открија нови детали!

По шокантното видео на Ана Николиќ, нејзините соседи открија нови детали!

реклама:

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео од српската пејачка Ана Николиќ на кое се гледа како и е уништено лицето.

Во видеото пејачката се обраќа до својот менаџер и бара да и испрати пари бидејќи на сметката има само 100 динари.

– Гледаш ли дека имам кратери на лицето? Ова станува кошмар. Не можам да го прикријам ова. Имам 100 динари на сметка, те молам направи нешто за мојата младост. Јас вака да снимам, не можам. Ниту можам сама да го покријам ова, ниту има шанси. А од бес и нервоза, погледни на што ова личи. Ова е пекол, ноќна мора – рекла Ана цело време покажувајќи ги раните на лицето.

Наводно снимката на пејачката ја објавил во јавноста нејзиниот менаџер поради нивните лични несогласувања.

И нејзините соседи за српските медиуми откриваат дека се загрижени за неа и дека секогаш кога ќе ја сретнат, таа го крие лицето со шешири и големи очила.

– Со месеци носи качкети, капи и шешири. Ја слушаме како пее на улица. Таа многу пцуе, но таа е само уметница која се изгуби себеси. Може да го канализира тоа како инспирација и да биде старата ѕвезда, да не падне во очај. Раста доаѓаше да си ја земе ќерката, сега најчесто праќа дадилка или шофер, за да не се караат пред детето – за српски „Блиц“ изјавил сосед на познатата пејачка.

За потсетување, Ана од неодамна повторно почна да настапува, а на концертите често го крие лицето со циркони и се појавува во чудни модни комбинации, а и се лучува и да падне на сцена но и да го заборави текстот на песните.

Многумина коментираат и дека пејачката се однесува многу чудно, па се поставува прашањето дали проблемот што го има можел да се претпостави уште пред да излезе на површина контроверзното видео.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------