Home INFO Урнебесно видео на Јокиќ: Го скрши микрофонот, па ги насмеа сите присутни...

Урнебесно видео на Јокиќ: Го скрши микрофонот, па ги насмеа сите присутни новинари (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Никола Јокиќ сруши уште нов рекорд во Денвер Нагетс откако го предводеше својот тим до победа во полуфиналната серија на Западот против Портланд. Нагетси славеа со 116:112 и со тоа го изедначија резултатот на 2:2 во серијата до четири победи.

Српскиот центар запиша уште еден трипл-дабл учинок (21 поен, 12 скокови и 11 асистенции) и со тоа го помина Фат Левер и стана првиот играч на Денвер кој во доигрувањето остварил четири трипл-дабл учиноци.

По натпреварот, на прес конференцијата, Јокиќ имаше проблеми со микрофонот. Србинот го скрши микрофонот кој беше поставен на масата, и само кратко изјави: -Некој го скршил…,- коментар кој предизвика смеа кај присутните новинари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------