Австралиецот Роби Мадо Медисон, познат по тоа што го прескокна „Arc de Triomphe“ во Лас Вегас и Коринтскиот канал, пред неколку години со неговиот мотор се возеше низ океанот на плажата Теахупо на Тахити.
Мадисон две години се обидувал да сурфа со мотор на брановите. Тој сурфа од својата осма година, па тоа знаење го искористил за остварување на неговиот сон за „ставање скии на мотор и возење по вода“.
– Тоа што најмногу ќе ми остане во сеќање по целото искуство е чувството колку сето тоа беше физички и психички напорно. Навистина мислев дека ќе биде полесно да се улови вистински бран. Мислам дека фотографиите и видеото не прикажуваат колку беше напорно. Не можете да видите дека кога бранот дојде право зад мене, навистина мислев дека тоа е крајот на мојот живот. Тогаш бев убеден дека сум на погрешно место во погрешно време. Беше тоа искуство на работ на смртта. На крајот фотографиите и снимките прикажуваат нешто фантастично, но колку се заедно беше диво всушност е невозможно да се пренесе, рече тој.