Home INFO Ве нападна стомачен вирус? Еве како да си олесните

Ве нападна стомачен вирус? Еве како да си олесните

реклама:Велигден со Стаф

Овој период многу луѓе се жалат на стомачни проблеми, кои се манифестираат преку мачнини, повраќање и со дијареа.

Еве што треба да направите за и вас да не ве снајдат овие маки, или пак како да ги излечите ако веќе ве стигнале.

Примарна заштита
Стомачните вируси најчесто се манифестираат како воспаление на желудникот и дебелото црево. До тоа доаѓа поради акумулација на слузницата и остатокот на отпад во телото. Се пренесува преку храна и пијалаци, а најмногу преку валкани раце, односно нехигиена.

Во сезоната на стомачни вируси, миење на рацете е најдобра превентива, особено ако сте биле во контакт со веќе заболени лица. Исто така, препораката е да го зајакнете својот имунитет со исхрана и со избор на здрави намирници.

Што да пиете
Најважно е да внимавате телото да не ви дехидрира, а тоа може да се случи многу лесно, бидејќи желудникот е изиритиран и не поднесува храна и пијалак. Па така, сѐ што внесувате во телото, буквално поминува низ него и излегува надвор.
За да не дојде до дехидрација, важно е да внесувате што е можно повеќе течности, но не било кои. Ладна вода, сокови и други слатки напитоци не доаѓаат предвид.
Идеален избор се супите од кеса, кои освен со течност, телото го надокнадуваат и со загубените електролити.

Исто така, благите чаеви, од камилица и свеж ѓумбир, ќе ви ги намали симптомите на мачнина, а лекарите секогаш препорачуваат да се пие руски или друг црн чај. Меѓутоа, овие чаеви треба да се пијат чисти, односно без никакви додатоци, како што е медот, шеќерот, лимонот или млекото.

Исхрана
Што се однесува до храната, најдобар избор е чист ориз, сварен само во вода, со малку сон или коцка за супа. Идеално би било оризот да го сварите во поголема количина течност, за да може паралелно да се пие.
Исто така, за смирување на стомачните тегоби, може да помогне и двопек, печен тост, грисини и сув леб. Од останатата храна, после првата тврда столица може да земете малку банана или јогурт.

Покачена температура
Доколку имате покачена телесна температура, немојте веднаш да ја симнувате со лекови. Дајте му шанса на имунитетот сам да се избори со треската.

Притоа, некои од лековите за симнување на температура, може дополнително да го надразнат желудникот и другите органи за варење, па попаметно е да ги избегнувате, барем на почетокот на вирусот.

Кога треба да почнете да се грижите
Кога се стомачните тегоби во прашање, тие обично помнуваат за еден до два дена. Нормално, советот е да останете дома додека не ви се подобри состојбата.
Меѓутоа, доколку температурата никако не се намалува, а дијареата и повраќањето траат повеќе од неколку дена, во столицата сте забележале крв или болките во стомакот никако не престануваат, време е да посетете лекар!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------