Јелена Карлеуша важи за модна икона на Балканот и пошироко, а секоја нејзина модна комбинација е одличен погодок.
Пејачката ја воодушеви публиката со настапот на еден фестивал во Белград, каде се појави во сценски костум составен од бели ремени кој покриваше минимален дел од нејзиното тело.
И во многуте коментари со пофалба за нејзиниот изглед, се појавија и критики дека аксесоарот кој пејачката го имаше на глава го ископирала од Лепа Брена.