Home INFO Внимавајте: Икеа повлекува УСБ полнач заради неисправност и струен удар

Внимавајте: Икеа повлекува УСБ полнач заради неисправност и струен удар

реклама:

ИКЕА го повлекува УСБ полначот Aск Сторм 40В поради опасност од изгореници и струен удар и ги повикува сите клиенти кои го поседуваат овој полнач, да престанат да го користат и да контактираат со ИКЕА за целосна рефундација.

Безбедноста е врвен приоритет за ИКЕА и затоа го повлекуваме полначот, поради ризик од изгореници и електричен удар предизвикани од распаѓање на кабелот за напојување.

Во процесот на развој на своите производи, ИКЕА користи ригорозен процес на проценка на ризикот, како и програма за тестирање, за да се обезбеди неговите производи да бидат во согласност со сите закони и стандарди што се применуваат на пазарите на кои се продаваат.

Како и да е, забележано е дека кабелот за напојување на темно сивиот УСБ полнач, Aск Сторм 40В, може да се оштети или скрши по продолжената употреба, поради завиткување околу полначот или да се свитка напред и назад.

Оштетениот кабел може да предизвика изгореници и струен удар. Затоа решивме да го повлечеме, порачаа од ИКЕА, објави Политика.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------