Home INFO Војна која трае дваесетина години: Еве како почна кавгата меѓу Јелена Карлеуша...

Војна која трае дваесетина години: Еве како почна кавгата меѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражњатовиќ

реклама:Велигден со Стаф

Медиумската војна меѓу Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша започна во деведесетите и од секогаш ја интригираше балканската јавност.

Пејачките секогаш ги полнеа весниците, но малку кој знае како и поради што започна нивната кавга, пишува српски Курир.

Јелена Карлеуша на естрадата зачекорила во 1995 година како малолетна 17-годишна девојка пеејќи тогаш популарни турбо фолк песни.

Цеца веќе била голема ѕвезда и истата таа година се омажила за Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

Младата и амбициозна Карлеуша многу брзо сфатила како функционира естрадата, па неколку години подоцна во едно интервју смело изјавила: „Сите ние сме курви!“.

Оваа реченица експлодирала како бомба, па изреагирал Аркан изјавувајќи: „Карлеуша веројатно била пијана или дрогирана кога тоа го рекла“.

Во една од познатите емисии на Минимакс, Јелена јавно ги коментирала неговите зборови со констатацијата: „Како кој, курвата секогаш за чесноста“.

Војната меѓу Цеца и Карелуша започна тогаш и веќе никој не можел да ја запре.

„Како девојка од 19 години имав лош конфилкт со Аркан кој јавно ме нападна. Тој беше убиец и криминалец, а јас на многу културен, шмекерски и храбар начин  му се спротивставив. Го подигнав гласот против него кога тоа не можеа да го направат најмоќните луѓе во Србија. Цеца ми беше пример. Но, кога таа и Аркан ме нападнаа ми се сруши целиот свет“, раскажала подоцна Јелена во едно интервју.

Ја поддржаа обожавателите затоа што проговорила за она за кое Србија молчела. Имало и такви кои и замериле.

На почетокот на 2000 година, Аркан беше убиен, а две ипол години подоцна и Зоран Давидовиќ. Судбината повторно се поиграла со двете пејачки и најголеми естрадни ривалки.

Црните денови за Цеца започнале пет дена по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, 17 март 2003 година кога Цеца беше уапсена во нејзината куќа каде било пронајдено скриено оружје за кое таа подоцна ќе тврди дека останало од Аркан и дека не знаела дека постои.

Во моментот на апсењето во нејзината куќа бил и Драган Карлеуша, таткото на Јелена, тогаш висок полициски службеник. Во ударниот дневник на РТС била прикажана фотографија на Цеца како седи во друштво на припадници на земускиот клан кои директно биле обвинети за убиство на премиерот.

Цеца во централниот затвор поминала повеќе од два месеци, но тоа не ја скршило. Се вратила посилна од било кога, а „војната“ со нејзината колешка уште повеќе се заострила.

И додека Карлеуша ја користела секоја шанса да ја оцрни Цеца, таа молчела.

Но фолк дивата ја тужеше својата колешка Карлеуша поради објавување на отворено писмо посветено на неа на Фејсбук.

Пресудата беше во корист на Цеца а Карлеуша требаше да и исплати оштета и судски трошоци

– Да и платам за „клеветата“ дека е криминалец? Зар за таа „лага“ не бараше милион евра? Од мене може да добие цигари за во самица, била првата објава на Јелена на Твитер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------