Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон беа домаќини на приемот во Бакингемската палата, каде ги угостиле најистакнатите личности од Африка.
Кралицата оправданоотсуствувала од приемот, но нејзиниот внук со емотивен говор го оправдал нејзиното отсуство.
“Мојата баба жали што не можеше да присуствува вечерва, но ме замоли да ви пренесам поздрави и најдобри желби за сите вас. Африка завзема посебно место во моето срце, тоа е местото на кое мојот татко не донесе мене и брат ми непосредно по смртта на нашата мајка. Дури и кога размислував каде да ја запросам Кејт, не постоеше подобро место за тоа од Кенија”, истакнал Вилијам во својот говор пред присутните.
За оваа прилика Кејт Мидлтон одбрала елегантен црвен фустан.
Освен кралицата, на приемот не присуствувал ниту принцот Хари.