Home INFO Во неговиот дом нема електрична енергија: Момче пишува домашни задачи под уличните...

Во неговиот дом нема електрична енергија: Момче пишува домашни задачи под уличните светилки (Видео)

реклама:Велигден со Стаф

Момче од Перу секоја вечер ја пишувало својата домашна работа под уличните светилки бидејќи неговото семејство не можело да си овозможи електрична енергија.

Оваа приказна, го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот.

За Виктор, 12-годишното момче од Перу, слушнал и Јакуб Јусуф Ахмед Мубарак, 31-годишен бизнисмен и филантроп од Бахреин.

Тој, откако дознал за приказната на детето, одлучил да отиде во Перу и да му помогне.

Според извештаите на локалните медиуми, Мубарак дури и ја надоградил куќата на детето, која сега има два ката. Освен тоа, великодушниот Јакуб ѝ помогнал на мајката на Виктор да отпочне сопствен бизнис и ветил дека ќе помогне во обнова на локалното училиште.

Филантропскиот милионер открил дека и тој потекнува од скромно семејство, слично како Виктор, и се надева на светла иднина за детето и неговото семејство. Виктор и неговото семејство изразиле огромна благодарност до арапскиот бизнисмен на локалните вести.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------