Home INFO Во шведска компанија чет-бот ја врши работата на 700 луѓе – за...

Во шведска компанија чет-бот ја врши работата на 700 луѓе – за еден месец имал 2,3 милиони разговори

реклама:

Шведската финансиско-технолошка компанија „Кларна“, која се занимава со услуги за одложено плаќање, користи чет-бот кој работи на вештачка интелигенција за да се справи со две третини од барањата на клиентите. Оваа работа вообичаено ја вршат 700 вработени со полно работно време.

„Кларна“ има 150 милиони корисници низ светот и соработуваше со „Оупен аи“ за да создаде апликација за разговор за услуги на клиентите, напојувана со вештачка интелигенција. Во првиот месец чет-ботот имал 2,3 милиони разговори, а „Кларна“ проценува дека благодарение на него, ќе заштеди 40 милиони долари оваа година.

– Овој скок во интеракцијата со клиентите ќе донесе врвни искуства за нив, поинтересни предизвици за нашите вработени и подобри приноси за нашите инвеститори. Исто така, ова го нагласува длабокото влијание што вештачката интелигенција ќе го има врз општеството. Сакаме да ги охрабриме општеството и политичарите да го разгледаат ова и веруваме дека внимателното, информирано и стабилно управување ќе биде клучно за оваа трансформација на нашите општества – вели директорот.

Клиентите сè уште можат да изберат да комуницираат со живи агенти доколку сакаат, а од „Кларна“ додадоа дека тоа нема да доведе до отпуштања, истакнувајќи дека минатата година ги проширила своите партнерства со други даватели на услуги за клиенти.

„Кларна“ објави дека чет-ботот е на исто ниво со човечките агенти во однос на задоволството на клиентите, но многу е побрз, решавајќи типично барање за помалку од две минути, во споредба со 11. минути што претходно биле потребни. Чет-ботот овозможува и попрецизни одговори, што доведе до пад од 25 отсто во повторените барања.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------