Home INFO Вол Стрит ќе остане без својот симбол

Вол Стрит ќе остане без својот симбол

реклама:Велигден со Стаф

Бронзената статуа на бик поставена пред американската берза во Њујорк нареднве денови ќе биде преместена на побезбедна локација.

Статуата поставена на фреквентен дел од Вол Стрит, се преместува поради безбедност на жителите од Њујорк, а точната нова локација не е откриена, пренесуваат медиумите.

Скулптурата на бикот е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3,200 килограми. Таа покажува разјарен бик, подготвен да нападне и со изгледот оддава израз на моќ и сила.

Денес, скулптурата е популарна туристичка дестинација која привлекува илјадници луѓе на ден, важи за една од најпознатите глетки во Њујорк и икона на Вол Стрит.

Според некои убедувања, триењето на носот и роговиоте на бикот носи среќа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------