Home INFO Вознемирувачко видео : Славната грчка пејачка доживеа мозочен удар на сред концерт!

Вознемирувачко видео : Славната грчка пејачка доживеа мозочен удар на сред концерт!

реклама:DIGITVMK

Познатата грчка народна пејачка Кирјаки Пападопулу, попозната како Маринела, доживеа мозочен удар за време на својот концерт синоќа, што предизвика шок и голема загриженост меѓу нејзините обожаватели.

Иако има 86 години, Маринела сè уште ги собира своите фанови со незаборавни настапи.

За време на изведбата на нејзината песна „Јас и ти“, пејачката се онесвести на сцената, предизвикувајќи паника кај публиката и музичарите.

Подоцна беше потврдено дека Маринела доживеала мозочен удар и се наоѓа во критична состојба.

Снимките од нејзиниот пад на сцената брзо се проширија на социјалните мрежи, дополнително шокирајќи ја јавноста.

Некои од присутните изјавија дека пејачката не изгледала добро уште пред почетокот на концертот, наведувајќи дека имала изгубен поглед. Овој тажен инцидент предизвика голема загриженост меѓу нејзините фанови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------