Home INFO Вратете ги доколку ги имате дома: АХВ нареди итно повлекување на виршлите...

Вратете ги доколку ги имате дома: АХВ нареди итно повлекување на виршлите „Wudy“

реклама:Велигден со Стаф

По добиена информација од Италија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на виршлите од брендот Вуди, поради присуство на бактерија Листерија моноцитогенес СТ 155.

По направениот вонреден инспекциски надзор во компанијата увозник, утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3 030 килограми, кои се ставени под службен надзор.

Агенцијата е со повик и до граѓаните кои ги имаат овие производи истите да не ги употребуваат, и да ги вратат на местото каде се купени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------