Home INFO Временска прогноза: Невреме во најава!

Временска прогноза: Невреме во најава!

фото: pixabay.com
реклама:Велигден со Стаф

Денес, најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја на земјава, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен, информираат од УМХР.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветер (над 60 километри на час).

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------