Home INFO ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Пообилен дожд, со можност за почести електрични празнења и...

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Пообилен дожд, со можност за почести електрични празнења и појава на град

реклама:Велигден со Стаф

Според синоптичарите денеска времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно а најавен е и пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Локално е можно процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд, со можност за почести електрични празнења и појава на град.

Што се однесува до темпретатурите уринските во интервал од 9 до 16, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје, времето променливо облачно, околу пладне и попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град.

Утринските во главниот град до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------