Home INFO Заврши култниот „Ice Age“, еве што се случи со верверичката (видео)

Заврши култниот „Ice Age“, еве што се случи со верверичката (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Веројатно не постои човек кој не изгледал барем едно од продолженијата на култниот анимиран филм „Ice Age“ (Ледено доба).
Особено интересен лик е верверичката Скрат, која со сите сили во сите продолженија се бореше да го сокрие својот желад за подоцна да го изеде, но во ниту еден дел тоа не му поаѓаше од рака.
ВИДЕО | Ова е крајот на култниот „Ice Age“: Верверицата конечно го изеде желадот

Тимот од „Blue Sky Studios“, студиото што го направи „Ice age“, реши да му помогне конечно да успее во својот план.

На видеото кое неодамна е објавено на Јутјуб со наслов „The End“ се гледа како Скрат го јаде желадот.

Во објавата се вели:

„Во последните денови на студиото „Blue Sky“, се собра мал тим од уметници за да го направи ова последно видео. Ова е наше збогување, збогување под наши услови“.

Видеото е прегледано речиси два милиони пати.

Пред една година студиото објави дека ќе престане со работа поради лошиот период за бизнис предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

„Disney“ ги купи во 2019 година, но студиото сепак беше затворено на почетокот на овој месец.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------