Home INFO Збеснала поради оваа српска водителка: Се разведуваат Северина и Игор

Збеснала поради оваа српска водителка: Се разведуваат Северина и Игор

реклама:

По три години брак, Северина одлучила да се разведе од Игор Којиќ.

Како што наведуваат српските медиуми, поради оваа одлука таа не се појавила ниту на концертот на нејзиниот свекор, познатиот пејач Драган Којиќ Кеба, иако било превидено да настапи како специјална гостинка.

Познатата хрватска снајка му направила проблем на Кеба и на неговата куќна слава, каде биле поканети Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована која е познат новинар и водител на утринска програма.

Иако славниот пар бил гостин на нејзината свадба, Северина наводно била бесна на Јована бидејќи во една прилика во својата емисија на новинарка и поставила прашања за Северина како мајка. Иако Јована само си ја вршела својата работа, никој не можел да ја убеди бесната Севе дека водителката немала никаква лоша намера.

Кога чула дека семејството Јоксимовиќ ќе дојде на слава кај Којиќ, Севе направила хаос. Се заканила дека ќе ја навреди Јована пред сите гости и ќе се врати во Загреб. – открил извор за српски Ало.

Во целиот овој хаос, Кеба бил колатерална штета. Пејачот бил принуден да најде начин и преку пријатели да направи напор Жељко и Јована да не се појават во неговиот дом.

Сепак и ова не ја задоволило каприциозната снашка па таа се спакувала и се вратила во Загреб.

Северина требало да настапи на концертот на Кеба, изведувајки неколку свои песни и дует со свекорот. Дека никој не очекувал дека нема да се појави на концертот говори и фактот што до почетокот на концертот, во салата имало гардероба со натпис Северина.

Освен што ја повредила целата фамилија, пејачката постапила крајно непрофесионално.

Игор и Северина и предходно имале несогласувања во бракот, но Северина секогаш го почитувала семејството Којиќ. Сега е скоро извесно дека нивниот брак е пред крај, коментира извор за српски Ало.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------