Home INFO Здрав како дрен: Еве како се храни славниот Новак Ѓоковиќ

Здрав како дрен: Еве како се храни славниот Новак Ѓоковиќ

реклама:Велигден со Стаф

Исхраната и напорните тренинзи се главниот адут на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во секоја прилика тој изјавува дека избраната здрава храна е базична во неговото секојдневие и никогаш не ги прескокнува своите навики и ритуали.

Наутро прво пијам вода

Голема чаша вода е за старт на мојот ден, но оставен на собна температура. Ладната вода многу потешко ја обработува организмот, затоа секогаш пијам таква на собна температура. Штом минува осум часот водата е задолжителна за мене, но може да ми послужи и шоља чај.

Ништо без мед

Друго што консумирам за појадок освен вода е две лажички мед. Секој ден тој е на моето мени, а го набавувам од Нов Зеланд. Знам што мислите „Но, медот е шеќер“, да така е, но на вашето тело тој е неопходен, посебно за луѓе што се активни како мене. Медот е многу поздрав од чоколадо и е енергетски одличен.

Моќен доручек

После вежбите, подготвен сум за доручек. Тоа најчесто се мусли без глутен, рака ореви,лешници и кикирики, сецкано овошје, банани и кокосово масло и млеко.

Тука е и тостот

Ако во случај тоа не ми е доволно, тогаш јадам и тост, но тој е или со туна или авокадо, секако со леб без глутен.

Пастата е се што ми треба

Мојот типичен ручек е паста без глутен со зеленчук. Пиперки, домати, ѓумбил, брокули, грашок и морков. Ги комбинирам со маслиново масло и тестенини, останатото е по моја желба и ги има сите потребни протеини што ми требаат.

Пијалокот е важен

Во текот на тренингот секогаш до себе имам две боцички енергетски пијалок, но не било кој, туку оној што содржи фруктоза. Не се тешки за желеудникот, а ми помагаат да се освежам.Во моите пијалоци секогаш мора да има витамин Ц, магнезиум и калциум, а тука се и шејковите со протеини.

Грицкам кофеин

25 милиграми кофеин ги грицкам. Можеби е необично, но тоа е мојот начин за консумирање кафе. Мед имам со мене секогаш па знам да каснам малку заедно со кофеинот.

За вечра органска шницла

Вечерам касно и секогаш е протеински оброк во вид на месо или риба. Тоа значи јунешко, пилешко или лосос. Најважно е да е од органско потекло. Штом е храната поблиска до природата тоа е најдобро. Супата е секогаш покрај мене за вечера.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------