Home INFO Знаете ли зошто апаратите за домаќинство брзо ви се расипуваат?

Знаете ли зошто апаратите за домаќинство брзо ви се расипуваат?

SHARE

Во последните години на пазарот техничките и куќните апарати се многу поевтини, но затоа помалку траат.

Европскиот потрошувачки центар го истражувал феноменот на брзото расипување на апаратите за домаќинство и дошол до заклучок дека тие побрзо се расипуваат затоа што производителите намерно прават полоши производи, кои практично се „програмирани“ да се расипат по одреден број користења.

Во извештајот на овој центар се наведува дека механичките уреди намерно се подесуваат да работат без дефект онолку часа колку што им трае гаранцијата, а во електронските уреди намерно се „уфрла“ софтверска грешка или се вградува дел со полош квалитет.

Машината која ќе ви се расипе веднаш по истекот на рокот веќе е застарена, а во продавниците тогаш веќе се наоѓа нов модел. На овој начин, Европскиот потрошувачки центар, се користи трик со кој производителите сами креираат побарувачка за својот производ.

„Тоа значи дека производот е направен така што кога ќе откаже само еден негов дел, целиот уред престанува да функционира“, се наведува во извештајот.

Според Европскиот потрошувачки центар, ова е „вградениот“ рок на употреба на уредите што ги имате дома:

– мобилен телефон – 18 месеци

– пегла – 4 години

– фрижидер – 7-10 години

– електричен шпорет – 7-10 години

– фен – 5 години

– машина за перење – 5 години (или 2.500 употреби)

– телевизор – 2 години (или 20.000 часа гледање)

РЕКЛАМИ:
Loading...