Home INFO Знаете ли зошто не постои сладолед со вкус на грозје?

Знаете ли зошто не постои сладолед со вкус на грозје?

реклама:ХитКујна канал

Постојат најразлични вкусови на сладолед, но никогаш не сте пробале ли некогаш сладолед со вкус на грозје?

Ова овошје е распространето низ светот, а главното прашање е – Зошто не се прави сладолед од грозје?

На интернет кружи урбана легенда дека првиот сладолед од грозје се обидел да го направи познатиот сладоледџија Роберт Грин.

Тој се обидел дури во 1876 година, но не успеал поради присуството на антоцијани, молекулите во овошје, со што се спречува замрзнување.

По еден век на неуспешни обидувања, истиот проблем се обиде да го реши Бен од познатиот ланец на слаткарници „Бенанд Џерис“.

Тој на оваа невозможна мисија се одлучи за да ја освои Беки, сестрата на неговиот бизнис партнер. Не знаејќи што точно прави, Бен започна ја да додава во смесата за сладолед и мембраната (кожата) од грозје, што го зголеми нивото на антоцијани и предизвика создавање на леден крем дури и подобар од класичен сладолед.

Неговото откритие веднаш го однел кај Беки на дегустација, која, се разбира, потполно се воодушевила, а малку му дала и на своето куче.

За нејзин и Бенов шок, кучето по неколку моменти умрело, а двајцата подоцна дознале дека грозјето за нив е премногу токсично.

Бен таа информација ја проследи до фармацевтската индустрија и властите, кои во 1982 година забранија производството на било каков ладен деликатес од грозје, а забраната ќе важи до 2028 година.

Во секој случај, една интересна приказна, но со реалноста нема баш и некоја голема врска.

Вистина, грозјето е токсично за кучињата, но не толку многу што животното умира веднаш, а и малку е нереално да се забрани производство, бидејќи како прехранбен производ, на ист начин ќе треба да се забрани и чоколадо, авокадо или суво грозје.

Освен тоа, самиот факт како антоцијанин навистина делува како еден вид на антифриз, се друго може да се смета како бабини приказни, а вистинската причина зошто толку ретко се среќава сладолед грозје лежи во фактот дека тој едноставно нема природен вкус.

Точно, свежото грозје има сладок и специфичен вкус кога се јаде , но вкусот, главно, го дава кожата која е многу тешко да се обработи и сериозно ја нарушува самата текстура на десертот.

Затоа, некои производители користат вештачки вкусови.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“