Home INFO Зошто мажите клекнуваат кога ја запросуваат жената?

Зошто мажите клекнуваат кога ја запросуваат жената?

SHARE

Сон на секоја млада девојка е саканиот партнер да ја запроси на колена на некој романтичен момент.

Но веруваме дека повеќето не ја знаат симболиката на клекнувањето на колена.

Клекнувањето на едно колено при запросување започнува во средниот век. Не се знае точно како започнала оваа пракса, но постојат теории кои се сметаат за вистинити.

Во религијата, клекнувањето е вклучено во многу церемонии вклучувајќи ги и романтичните. Тој клекнува и кога влегува во храм, а може и запросувањето да го има истото значење.

Клекнувањето на идниот младоженец ја покажува неговата почит.

Во средниот век витезите клечеле пред своите владетели за да им покажат чест, почит и потчинување.

Исто така поразените секогаш клекнуваат пред победникот, што покажува и гест на предавање. Во романтична смисла ова може да се толкува како симболика дека мажот комплетно и се предава на жената но и дека ја почитува.

РЕКЛАМИ:
Loading...