Home INFO Зошто пролетта веќе не доаѓа на 21 Март?

Зошто пролетта веќе не доаѓа на 21 Март?

SHARE

Се до 2100 година, пролетта ќе започнува на 20 март, па дури и на 19 март.

Зошто е тоа така? Виновен е календарот кој го користиме, а според кој секоја четврта година е престапна.

Но, исто така, Грегоријанскиот календар вели дека секоја последна година од векот не е престапна освен ако не е деллива со бројот 400. Тоа значи дека 1800 и 1900 не биле престапни, но 2000 беше.

Таквото правило е воведено заради долгорочното усогласување на календарот со небеската механика. Поради тоа додадовме уште еден ден вишок, што последично предизвика пролетта од 21 да се пресели на 20 март. Ова поместување на пролетта за еден ден порано ќе биде актуелно до 2100 година.

Значи, доколку ве прашаат кога започнува пролетта, одговорете на 20 март. Тоа е точен одговор за следните 80 години.

РЕКЛАМИ: ---