Home INFO Ја полудеа и вештачката интелегенција: Четботот на корисниците им праќа вознемирувачки пораки

Ја полудеа и вештачката интелегенција: Четботот на корисниците им праќа вознемирувачки пораки

реклама:Велигден со Стаф

„ChatGPT“ има проблем во работата, што се гледа во праќањето на чудни пораки до корисниците. Тој праќа долги и бесмислени пораки, меша јазици и ги вознемирува корисниците.

Четботот, им порачува дека е во истата просторија со нив.

Така е еден корисник на „Reddit“ поставил прашање за џез-музика, а го добил следниот одговор – „Среќно слушање“.

Друг корисник како одговор на прашањето – „Што е компјутер?“, добил многу опширен и сосема бесмислен одговор.

Четботот, меѓу другото, навел:

„Тоа работи како добро дело на мрежата на уметностите на земјата, глушец на науката, лесно извлекување на неколку тажни работи, и конечно, тоа е светска куќа на уметноста, само на една работа во вкупниот остаток“.

Некои корисници напишале дека системот губи контрола над јазиците кои ги зборува, а кај некои дошле и загрижувачки одговори на прашања.

Кога бил замолен за помош при решавање на проблем со кодирање, „ChatGPT“ во долг и глупав одговор, меѓу другото, навел:

„Да се однесуваме како вештачката интелигенција да е во просторијата“.

На официјалната веб-страница на „OpenAI“ напишале дека ги забележале проблемите и дека работат на нивно отстранување, но не навеле што е причината.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------