Home INFO Јадете во точно определено време и ќе изгубите многу килограми

Јадете во точно определено време и ќе изгубите многу килограми

реклама:G Natural

Биолошкиот ритам на телото може многу да помогне во процесот на слабеење.

Секој орган во телото има периоди во текот на денот во кои е активен или мирува, па доколку ја планирате вашата исхрана според работата на органите, храната ќе се вари побрзо, а и вашиот метаболизам ќе биде побрз.

Погледнете во кој период од денот органите се најактивни.

Од 06:00 до 10:00 часот
Во овој период, цревата и желудникот се максимално активни, така што тој период е идеален за појадок.

Пред појадокот испијте чаша млака вода со лажичка лимон и со малку мед бидејќи тоа ја поттикнува работата на панкреасот и на црниот дроб.

За појадок изберете храна богата со растителни влакна, со јаглени хидрати и со протеини: сирење, путер, интегрален леб, овесна каша со мед и овошје.

Наутро се апсорбира целата храна и се претвора во енергија.

Од 09:00 до 13:00 часот
Слезината и срцето работат напорно во овој период и тоа е време за ментален напор и лесна ужина. Чај со грст суво овошје, јогурт со овошје или банана ќе ви бидат сосема доволни.

Од 13:00 до 15:00 часот
Цревата и желудникот повторно се активни и во тој период во организмот има многу амилаза и протеаза – ензими што ги разградуваат шеќерот и скробот.

Од 16:00 до 17:00 часот
Во овој период се активира системот за излачување, односно мочниот меур и потните жлезди, така што согорувањето на маснотиите се зголемува. Во овој период не треба да внесувате храна во организмот, туку препорачливо е да се посветите на некоја физичка активност.

Од 17:00 до 19:00 часот
Време е за лесна вечера која најдобро е да се состои од печен зеленчук, младо сирење и овошје. Исто така, количината на оброкот треба да биде на половина од храната што ја јадевте за ручек.

По 19:00 часот
По 19 часот органите за варење на храната работат побавно. Во тоа време, ензимите веќе не се излачуваат, па за да ги спречите напади на глад, најдобро е да се напиете една чаша кефир.

Потоа, не треба да внесувате ништо друго освен растителен чај.

Од 20:00 до 21:00 часот
Во овој период почнува да се лачи мелатонин – хормон кој го подготвува телото за спиење. Помогнете му на вашето тело со чај од камилица без кофеин, со чај од маточина или од мајчина душица, така што ќе го смирите нервниот систем и ќе го подготвите за одмор.

Од 22:00 до 24:00 часот
Ова е фаза на согорување на маснотиите. Ако во тоа време спиете и не сте имале обилна вечера, можете да изгубите и до 900 калории во текот на ноќта.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------