Пожарите кои беснеат во Турција веќе однесоа неколку животи но има и хоспитализирани.
Густ чад и парчиња пепел низ воздухот не им дозволуваат на туристите да одат на плажа а неколку хотели веќе се евакуирани заради тоа што пламенот веќе стигнал во нивна близина.
Една од евакуираните која што одмара во Бодрум е пејачката Јелена Карлеуша која на својот Инстаграм објави неколку видеа од евакуацијата од нејзиниот хотел каде што таа престојувала со своите ќерки.
Сите наши туристи за сега се безбедни и по потреба преместени во друг хотел додека ситуацијата не се стабилизира.