Откако за еден медиум фолк пејачот Аца Лукас без влакна на јазикот изјави дека шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во кое пред неколку години беше и тој дел од жирито е: „Шоу на кловнови“, прв кој му враќа на ударот се разбира е Јелена Карлеуша која не издржа да молчи па изјави:
„Нашиот најголем кловн веќе го нема. Аца беше најголемиот кловн во тој тим. И откако замина, тој хумор исчезна. Жал ми е заради тоа. Би сакала да се врати. Тогаш претставата би била комплетна. Јас не сум иронична. Тој веќе не ни знае со кого е во добри односи и со кого не. Не му ја земам изјавата за зло, таков е тој. Но за да не му кажам што мислам за него преку медиумите, ќе му кажам кога ќе го видам. Ако го видам … Знаете, тој е многу мал! Низок. Но се ку***, како и сите ниски мажи“, изјави пејачката.