Home INFO Јутјубер споделува како е да се живее во јапонски апартман од 8...

Јутјубер споделува како е да се живее во јапонски апартман од 8 квадратни метри

реклама:Лето во Банско

Живеењето во мал простор станува еден од најлесните начини за решавање на станбената криза во најголемите градови во светот, особено оние со многу високи трошоци за живот.

Но, колку мало е премногу мало?

Јујтуберот Кеш Џордан, познат по својата експертиза за изнајмување станови низ светот, изнајми стан од 8 квадратни метри во Осака, Јапонија, и го документира своето искуство за да види дали може да живее во толку мал стан на подолг временски период.

За 40 долари од ноќ, местото изгледа одлична зделка, особено затоа што е целосно уредено и на погодна локација.

– Типична јапонска мода, со мала кујна и бања со сопствени папучи за низ домот. Машината за перење е поголема од фрижидерот и микробрановата печка, а апартманот се наоѓа во најдобриот дел на Осака, веднаш покрај продавниците и рестораните – вели јутјуберот.

За да заштедат простор, издавачите на станови смислиле неколку паметни трикови, како врата од бања што се преклопува навнатре или ставање на тостерот врз микробрановата печка.

Иако за некого не е удобно, можеби некој со понизок буџет ќе сака да живее во ваков стан. Сепак, како што објаснува Џордан, овој вид микростан е нелегален во САД. Иако незаконитоста на овие видови живеалишта се припишува на безбедноста, сепак постојат интересни идеи за тоа како да се оптимизира просторот во густо населените области – и како да се направи тоа достоинствено за оние што бараат сопствено место за живеење.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------