Home INFO Ќе ја навлече на дроги: Канје Вест стравува за Ким Кардашијан

Ќе ја навлече на дроги: Канје Вест стравува за Ким Кардашијан

реклама:hotel PREMIER

Пред околу една година, риалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест објавија дека се разведуваат.

На почетокот изгледаше дека двајцата ќе останат во пријателски односи,но работите излегоа од контрола.

Имено, иако по раскинувањето го поврзуваа со разни девојки, Канје почна да приредува непријатни испади кон Ким откако таа ја обелодени новата њубовна врска со актерот Пит Дејвидсон.

Тој започна со јавни молитви до Бога Ким и тој да се смират, па наскоро потоа купи куќа спроти неа, жалејќи се дека не бил поканет на роденденската забава на нивната ќерка Чикаго.
Ја обвинуваше Ким дека е лоша мајка и го навредуваше Пит.

Во својата последна објава на Инстаграм, Канје стравува дека Пит ми можел да ја навлече Ким на дроги, наведувајки дека актерот секои два месеци е на рехабилитација.

“Вистински сум загрижен дека ќе ја навлече на дроги мајката на моите деца. Тој е на рехабилитација секои два месеци”, напиша Канје во коментар на Инстаграм.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------