Home INFO Ќе платите голема казна доколку го понесете овој сувенир од Скијатос

Ќе платите голема казна доколку го понесете овој сувенир од Скијатос

реклама:hotel PREMIER

Tуристите кои ќе се одлучат од Лакарија, прекрасната плажа на грчкиот остров Скијатос, да понесат каменче како сувенир, ќе платат и до 1.000 евра казна.

Властите на островот Скијатос сакале со високите казни да го сочуваат она што природата го чувала со векови. Туристите ги однесуваат каменчињата во џебовите и на тој начин сериозно го нарушуваат изгледот на плажата позната токму по тој бел чакал кој го заплискува бистрото сино море.

Геолозите предупредиле дека континуираното земање на овие каменчиња од плажата би можело трајно да ја загрози, па властите долж плажата поставиле предупредувања за посетителите дека е забрането да собираат каменчиња од плажата.

Сајтовите за љубителите на патувањата и туристичките водичи напоменуваат дека казната за оние кои ја игнорираат забраната да земаат чакали како сувенири изнесува од 400 до 1.000 евра.

Меѓутоа, не се само туристите виновни за се помалата количина на каменчиња на плажата.

Многу Грци од Скијатос ги користеле каменчињата од плажата за декорирање на своите домови или за мозаици во дворовите.

На Лакарија може да и се пријде само од морето, а во светот е позната по блескавиот бел камен, бистрата тиркизна вода и спектакуларните лакови на карпите кои ја опкружуваат.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------