Пробајте го овој рецепт! Одличен е и за почетници а панцеротите се вистински погодок!
Деталната подготовка погледнете ја во видеото подолу:
Сoстојки:
500 гр брашно
40 грама свеж квасец
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
5 лажици масло
300 мл млеко
фил по желба (сирење, кашкавал, шунка…)
Подготовка:
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои. Откако ќе нарасне, тестото разделете го на мали топчиња. Секое топче се рассукува и се филува со фил по желба. Се преклопува и со помош на вилушка се затвора за да не истече филот.
Панцеротите се пржат во врело масло, кратко, додека заруменат!
Добар апетит!