Home INFO Ќе се најде ли јунак кој ќе му готви на Роналдо?

Ќе се најде ли јунак кој ќе му готви на Роналдо?

реклама:4U PHARMA

Маестралниот фудбалер Кристијано Роналдо во моментов е во Саудиска Арабија, каде потпиша двегодишен договор со тамошен фудбалски клуб.

Договорот со Арапите ќе му донесе на фудбалерот заработка од неверојатни 200 милиони евра.

И додека е во потрага по идеално место за тамошниот престој за него и неговото семејство, фудбалерот истовремено гради и вила во Португалија, но според тамошните медиуми, мака мачи со наоѓање на соодветен персонал кој ќе се грижи за вилата.

Во 2021 година Роналдо купил земјиште во Квинта да Мариња и планира да инвестира околу 20 милиони евра во изградба и подготовка на имотот.

Како што пишува португалскиот весник „Кориеро да Манха“, Роналдо преку оглас барал батлер и таа позиција брзо била пополнета поради платата од 5.500 евра месечно, но местото готвач останало празно.

За работата на личен готвач нема голем интерес, а оваа работа е исклучително важна за Роналдо и неговото семејство бидејќи многу внимаваат на исхраната.

Во спецификацијата на работното место стои дека готвачот треба да може да подготви буквално се, од традиционална португалска храна до азиска храна, како суши, бидејќи тие се големи обожаватели на јапонската кујна.

За оваа работна позиција Роналдо и Џорџина се подготвени да плаќаат 5 500 евра месечно.

Португалците тврдат дека овој проблем му создава многу главоболки на Роналдо и дека би сакал да го реши што е можно поскоро.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------