Home INFO Ќе успее ли оваа чудна љубовна комбинација? Бредли Купер има нова девојка!

Ќе успее ли оваа чудна љубовна комбинација? Бредли Купер има нова девојка!

реклама:hotel PREMIER

Американските медиуми објавија дека познатиот актер Бредли Купер (47), веќе неколку месеци има нова девојка.

Станува збор за Хума Абедин (46), политички соработник на Хилари Клинтон.

Според Пејџ Сикс изданието на Хујорк Тајмс, Бредли и Хума ги запознала уреднилката на модното списание Вог – Ана Винтур.

Хума е поранешната сопруга на политичарот Ентони Вајнер.

Бредли пак беше во брак со актерката Џенифер Еспосито од 2006 до 2007 година. Тој исто така имаше врски со Рене Зелвегер, Зои Салдана, Суки Вотерхаус и Ирина Шајк, со која раскина во 2019 година и со која ја има ќерката Леа Де Сејн Шајк Купер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------